Странски експерти ќе ги подучуваат македонските компании

Bez autora
Sep 18 2013

Странски експерти од сите области ќе ги подучуваат македонските компании како да работат за да си ја зголемат ефикасноста и продуктивноста. Технолозите, стручњаците од областа на информатичките технологии, градежништвото, земјоделството, текстилната, преработувачката и другите индустрии ќе ги обезбеди и ќе ги плати Владата, а на заинтересираните компании им останува само да се пријават на јавниот повик што е објавен вчера и ќе трае до почетокот на ноември. Услугите на странските експерти за кои ќе се обезбедат средства во државниот буџет за наредната година можат да ги користат фирми од сите области, под услов да работат најмалку две години и да имаат најмалку пет вработени.

Странски експерти ќе ги подучуваат македонските компанииСтрански експерти од сите области ќе ги подучуваат македонските компании како да работат за да си ја зголемат ефикасноста и продуктивноста.

Технолозите, стручњаците од областа на информатичките технологии, градежништвото, земјоделството, текстилната, преработувачката и другите индустрии ќе ги обезбеди и ќе ги плати Владата, а на заинтересираните компании им останува само да се пријават на јавниот повик што е објавен вчера и ќе трае до почетокот на ноември.

Услугите на странските експерти за кои ќе се обезбедат средства во државниот буџет за наредната година можат да ги користат фирми од сите области, под услов да работат најмалку две години и да имаат најмалку пет вработени.

- Ценејќи ги знаењето и стручноста на докажани странски експерти од различни индустрии и области, и позитивните искуства кои домашни и надворешни компании ги имале со ангажман на таквите експерти, Владата на Република Македонија ќе имплементира еден сериозен и значаен проект кој во својата суштина опфаќа обезбедување и ангажирање на докажани странски експерти и користење на нивната стручна помош од страна и во функција на потребите на компаниите во Република Македонија - вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Според него, Владата се уште ги прави анализите и ја нема точната сума што ќе биде потребна за оваа намена, но ангажманот на странските експерти во целост ќе го покрива државата, со мали исклучоци кога минимален дел ќе мора да партиципираат компаниите.

- Владата на Република Македонија ги охрабрува и ги поканува компаниите од приватниот сектор да аплицираат на повикот за пројавување интерес, а особено се охрабрува пријавување на интерес за користење на експерти од областа и сферата на технологијата на работа на компанијата и техничко-технолошкиот процес - истакнува Ѓорѓиев. Тој вели дека Владата веќе договорила соработка со специјализирани и стручни организации што нудат експертска помош од Холандија и од Германија, а веројатно ќе се обезбеди ваква соработка и со други организации од други земји, вклучувајќи ги и САД. Георгиев вели дека за оваа активност на Владата поддршка дале стопанските комори, со кои неделава ќе се одржи уште еден состанок, а се очекува нивна помош за нејзино популаризирање меѓу компаниите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik